СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОСМА ГОДИНА ПО РЕД СО НАМАЛЕН БРОЈ НА ПРОЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА, најмалку странски инвестициски проекти во Германија од 2009 година

Осма година по ред, странските компании објавија помалку проекти во Германија во 2025 година отколку претходната година, што ја нагласува загриженоста за конкурентноста на земјата како деловна локација. Според извештајот на ревизорската компанија EY, странските инвеститори објавија 548 проекти, десет проценти помалку отколку во 2024 година и најмалку од 2009 година, пренесува ДПА. EY ги […]

ВО НОВИТЕ РЕДИЗАЈНИРАНИ ЕВРА ЌЕ НЕМА БАНКНОТИ ОД 500 ЕВРА, тие ќе продолжат да бидат законско средство за плаќање

Минатиот јули, Европската централна банка објави конкурс за европски графички дизајнери за собирање предлози за новиот изглед на банкнотите. Дизајнерите кои ќе влезат во потесниот избор имаат рок до крајот на овој месец да ги достават своите конечни решенија. После тоа, предлозите ќе бидат испратени до стручното жири, а потоа до Управниот совет на ЕЦБ, […]

Албанија ќе гради три фотоволтаични електрани

Албанската влада одобри изградба на три фотоволтаични електрани, кои заедно ќе имаат капацитет од 178 мегавати.  Електраните ќе се градат во близина на Лушња (Централна Албанија), Саранда (Југозападна Албанија) и Поличан (Јужна Албанија), како дел од планот за зголемување на обновливите извори на енергија. Како што објави Албанската новинска агенција (АТА), во Лушња, во селото […]

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека […]

Центар во летниот распуст ги отвора  градинките за ученици до 10 години

Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до десет годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски, се наведува во соопштението на Општината.  Пријавувањето, додаваат оттаму, почнува од 21 мај, а родителите треба да достават документација […]

МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД НЕКОЛКУ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ПРЕСТОЈУВА ВО НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Делегација предводена од Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), во чиј состав се Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина, директори на некои од јавните комунални претпријатија, Инспекторатот за животна средина и на Здружението на давателите на комунални услуги – АДКОМ престојуваат во работна […]

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЦРЕШИ – КИЛОГРАМ ЧИНИ ДО 5 ЕВРА!

На зелените пазари во Скопје пристигнаа првите цреши, но понудата беше скромна и се продава по различни цени во зависност од квалитетот. Покрупните и посвежи цреши се продаваа за 300 денари. Но во некои од маалските продавници за зеленчук цената за поситните цреши изнесува 230 денари. Фото Економија и бизнис

ЦЕНТАР ГО ОЖИВУВА СТАРОТО СКОПСКО КОРЗО

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионерите од општината вечерва од 19 часот го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе почне од плоштадот Македонија со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“, каде што ќе се одржи свечена игранка. […]

ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од […]

Промоција на кампањата за значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија ќе отпочне општествено-економска кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот.  Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни […]