ЦЕНТАР ГО ОЖИВУВА СТАРОТО СКОПСКО КОРЗО

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионерите од општината вечерва од 19 часот го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“.

Настанот ќе почне од плоштадот Македонија со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“, каде што ќе се одржи свечена игранка.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го почувствуваат шармот на некогашните променади во центарот на Скопје.

– Ќе прошетаме покрај Ристиќевата палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“ – местата каде што се создаваа најубавите спомени. Ќе се потсетиме на златните скопски времиња кога корзото беше центар на светот, место каде што се раѓаа првите симпатии и љубови, а еден поглед значеше повеќе од илјада пораки на мобилен телефон – вели Герасимовски во повикот.

Според Активот на жените пензионерки на општина Центар, настанот е можност да се прошета по некогашното корзо и да се разбудават спомените од младоста.


Фото: Општина Центар

Повеќе од истиот автор

Најчитано