ВТОРИОТ КВАРТАЛ КРИТИЧЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО ИРАН, во првиот забележан минимален раст

На почетокот на годината, и покрај последиците од војната во Иран, германската економија постигна раст, барем минимален, потврди Дестатис во петокот. Во меѓувреме, конфликтот почна да остава подлабоки траги, па долгоочекуваното закрепнување сега е доведено во прашање. Имено, во првите три месеци, бруто домашниот производ порасна за 0,3 проценти во квартална споредба, објави агенцијата ДПА. […]

СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕ СООЧУВА СО НАЈСЛАБATA ГОДИНA ВО ОВОЈ ВЕК, ЕВРОПА Е МЕЃУ НАЈТЕШКО ПОГОДЕНИТЕ, предупредување од ОН

Обединетите нации предупредија дека светската економија се соочува со една од најслабите години од финансиската криза во 2008 година, а Европа е меѓу најтешко погодените. Обединетите нации ја намалија својата прогноза за глобален економски раст и ги зголемија проценките за инфлација за оваа година, реагирајќи на кризата на Блискиот Исток и зголемувањето на цените на […]

ВО ЕВРОПА СЕ Е ПОСКАПО, ИНФЛАЦИЈАТА ВО РОМАНИЈА, БУГАРИЈА И ХРВАТСКА ГО ПОДИГА ЕВРОПСКИОТ ПРОСЕК

Романија, Бугарија и Хрватска се земјите со највисока априлска годишна инфлација во Европската Унија (ЕУ). Растот на цените на стоките и услугите во тие земји го помести европскиот просек, кој надмина три проценти и достигна 3,2 проценти. Годишната инфлација во ЕУ беше 2,8 проценти во март, а 2,1 процент во февруари. Ова значи дека последиците […]

Денеска и утре со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната […]

Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Дел од корисниците во Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија, Без електрична енергија во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од ул. „Мечкин Камен“ од приближно бр. 33 до бр. 45 во општина Ѓорче Петро, информираат од ЕВН Македонија АД. Фото Економија и бизнис

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА, СЕ ЗАПАЛИЛО  „БМВ“ ВО СУДИР СО КАМИОН, ИМА И ЖРТВИ

Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје. Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош. ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот […]

НА ЗЛАТИБОР ЌЕ СЕ ГРАДИ „ЗЛАТЕН ГРАД“, проект за ставање на српската планина на светската мапа на луксузниот туризам

Златибор, една од најпопуларните туристички дестинации во Србија, се подготвува за историски инвестициски циклус. Според претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, планот е да се изгради амбициозниот проект „Златен град“, како и низа инфраструктурни објекти што ќе ја позиционираат оваа планина на светската мапа на луксузниот туризам. Главна атракција на идниот комплекс ќе биде монументалната […]

ЦРНОГОРСКАТА ЕКОНОМИЈА ОД НЕЗАВИСНОСТА ПОРАСНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ПАТИ, но овој раст се темели на три сектори

Две децении по референдумот  за независност на Црна Гора, црногорската економија е поголема, поотворена и номинално побогата. Националниот БДП се зголеми од 2,17 милијарди евра на повеќе од 7,6 милијарди. Според прелиминарните проценки за 2025 година, би можел да надмине 8 милијарди евра. БДП по жител покажува колку номинално се променила црногорската економија во последните […]

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА НОВИ ТУРИСТИЧКИ ПРАВИЛА ЗА НАЈПОСЕТУВАНИТЕ ОСТРОВИ

Грција презентираше нова рамка за развој на туризмот за да го намали проблемот со прекумерен туризам, да ги заштити чувствителните области и да поттикне поодржливи инвестиции. Грција презентираше нова рамка за развој на туризмот со цел да се намалат последиците од прекумерниот туризам, да се заштитат природните и културните богатства и да се насочат инвестициите […]

ПРОЛЕТНА ПРОГНОЗА НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА: МАЛО ЗАБАВУВАЊЕ НА РАСТОТ НА БДП

Растот на домашниот бруто производ во Македонија годинава малку ќе забави на 3,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку во однос на процената од минатата есен, се вели во Пролетните прогнози на Европската комисија објавени денеска. За наредната 2027 година, ЕК предвидува натамошно „ладење“ на македонската економија и раст од 3,1 отсто, што […]