ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА, СЕ ЗАПАЛИЛО  „БМВ“ ВО СУДИР СО КАМИОН, ИМА И ЖРТВИ

Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје.

Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош.

ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.

Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.

Според дел од медиумите во сообраќајката, која се случила во близина на Радишани, патничко возило марка „БМВ“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил, а има и жртви, објави МИА.

Медиумите утрово информираат дека четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило марка „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано