ПРОЛЕТНА ПРОГНОЗА НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА: МАЛО ЗАБАВУВАЊЕ НА РАСТОТ НА БДП

Растот на домашниот бруто производ во Македонија годинава малку ќе забави на 3,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку во однос на процената од минатата есен, се вели во Пролетните прогнози на Европската комисија објавени денеска. За наредната 2027 година, ЕК предвидува натамошно „ладење“ на македонската економија и раст од 3,1 отсто, што е за 0,2 процентни поени помалку од претходните проекции. Исто така, како што стои во делот од прогнозите за Македонија, се очекува македонската економија да остане под силно влијание на глобалните случувања и на цените на енергијата, што врши и надолен притисок врз извозот на земјата.

Како што посочуваат во ЕК, растот на БДП во Македонија се забрза во 2025 година, поттикнат од домашната побарувачка. Во однос на инфлацијата нотира дека по постепеното намалување на крајот на 2025 година, таа повторно засили во март годинава, особено поради зголемувањето на цените на храната и трошоците во секторот за услуги.

Во извештајот на ЕК се вели дека економскиот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од инвестициите, бидејќи работите на јавните патишта добија на интензитет и приватните инвестиции се зајакнаа, поткрепени од владино субвенционираните кредити. Потрошувачката кај домаќинствата беше поддржана од зголемувањето на реалните расположливи приходи и силната кредитна експанзија. Јавната потрошувачка, исто така, даде придонес кон растот, главно поради зголемувањето на платите во јавниот сектор.

За другите земји – кандидати за влез во ЕУ, прогнозите за раст се следните: Албанија раст на БДП од 3,3 отсто, БиХ 1,8 отсто, Црна Гора 2,8 отсто, исто толку и Србија, а Турција 3 отсто, објавија медиумите во Македонија.   


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано