СИНДИКАТИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ВО ГРЦИЈА НА ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ТРОШОЦИ

Синдикатите и студентските организации во Грција денеска организираат национални штрајкови и протести во знак на протест против зголемените трошоци за живот и барањата за  поголеми инвестиции во јавното образование, пренесува ДПА.

Според извештаите на медиумите, само во Атина треба да бидат распоредени околу 3.000 полицајци, во обид да се спречат немири слични на оние што се видени во неколку други европски градови.

Учениците и студентите вчера попладне поставија шатори на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент во Атина, како дел од нивниот протест. Нивните барања вклучуваат пониски кирии, повисоки субвенции за домување, повеќе сместување за студентите и дополнителен наставен кадар, пренесува германската агенција.

Вработените во јавниот сектор, исто така, организираат штрајкови по повикот на конфедерацијата на синдикати ADEDY.

Од синдикатот изјавија дека акцијата имала за цел да покаже солидарност со протестите во образованието и да им овозможи на вработените, вклучително и на родителите, да учествуваат во демонстрациите и собирите.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано