Минатиот јули, Европската централна банка објави конкурс за европски графички дизајнери за собирање предлози за новиот изглед на банкнотите.
Дизајнерите кои ќе влезат во потесниот избор имаат рок до крајот на овој месец да ги достават своите конечни решенија. После тоа, предлозите ќе бидат испратени до стручното жири, а потоа до Управниот совет на ЕЦБ, кој ќе ја донесе конечната одлука.
ЕЦБ потврди дека повеќе нема да има банкнота од 500 евра во новата серија. Оваа одлука е донесена за да се намали ризикот од перење пари и да се олесни следењето на финансиските текови.
Сепак, граѓаните кои веќе имаат банкноти од 500 евра не треба да се грижат. Тие ќе продолжат да бидат законско средство за плаќање и ќе можат да се користат на неодредено време, иако нови повеќе нема да се печатат.
Редизајнот на еврото се смета за една од најголемите промени во европскиот монетарен систем во последните 20 години, а новата серија банкноти треба да биде претставена откако ЕЦБ ќе го финализира дизајнот и техничките решенија.
Фото Економија и бизнис








