Албанија ќе гради три фотоволтаични електрани

Албанската влада одобри изградба на три фотоволтаични електрани, кои заедно ќе имаат капацитет од 178 мегавати. 

Електраните ќе се градат во близина на Лушња (Централна Албанија), Саранда (Југозападна Албанија) и Поличан (Јужна Албанија), како дел од планот за зголемување на обновливите извори на енергија.

Како што објави Албанската новинска агенција (АТА), во Лушња, во селото Савер, компанијата „3X Енерџи“ ќе изгради фотоволтаична електрана со капацитет од 70 мегавати, додека во Саранда компанијата „Парк сол енерџи“ ќе изгради електрана со капацитет од 50 мегавати. Во Поличан, компанијата „Икс уан“ ќе изгради електрана со капацитет од 54 мегавати.

Според одлуката, проектите предвидуваат период на изградба до 36 месеци и период на работа до 49 години, а компаниите што ќе бидат одговорни за нив ќе мора да ги почитуваат стандардите за заштита на животната средина и да доставуваат периодични извештаи до надлежните институции.

Исто така, компаниите во државниот буџет ќе придонесуваат со два проценти од годишното производство на енергија или нејзина парична противвредност.


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано