Промоција на кампањата за значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија ќе отпочне општествено-економска кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. 

Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Како што соопшти Стопанска комора, на кампањата ќе бидат присутни сите членови на Управниот одбор на Комората на друштва за геодетски работи, а ќе говори Никола Рибароски претседател на Комората.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано