Вести
Силен земјотрес почуствуван на грчкиот граничен појас, беше почуствуван и во Дебар...
08.03.2026
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди граничниот појас меѓу Грција и Албанија, а засега нема информации за повредени или материјална штета.
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчко-албанскиот пограничен појас, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри. Засега нема информации за евентуални повредени или штети.
Рано утринава, во 4 часот и 32 минути, во западните и југозападни делови на Републиката, во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.5
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет - Скопје соопшти дека интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.
Фото Економија и бизнис