Бизнис
МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА СО НАМАЛЕНО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЈАНУАРИ
06.03.2026
Индустриското производство во јануари 2026 година е намалено за 6,6 % во однос на јануари 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи пораст од 2,5 %, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 8,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на одделите: текстил, облека, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, производство на метали, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема, машини и уреди, и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,2 %, Капитални производи за 5,2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 10,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2,5 %.
Фото Економија и бизнис