Економија
Јапонија ќе инвестира 36 милијарди долари во енергетски и индустриски проекти во Охајо, Тексас и Џорџија
18.02.2026
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави три проекти во вредност од 36 милијарди долари, што ќе бидат финансирани од Јапонија, вклучувајќи „погон за извоз на нафта“ во Тексас, индустриска фабрика за дијаманти во Џорџија и електрана за природен гас во Охајо.
Проектите се првите инвестиции според ветувањето на Јапонија да инвестира 550 милијарди долари во САД и како дел од трговскиот договор со кој се намалија царините на Трамп за јапонскиот увоз на 15 проценти, објави Трамп на „Трут Соушл“. Тој даде малку детали за проектите.
Министерот за трговија Хауард Лутник изјави дека електраната во Портсмут, Охајо, вредна 33 милијарди долари, ќе биде најголемата електрана на природен гас во историјата, со капацитет од 9,2 гигавати. Објектот, кој ќе го управува SB Energy, подружница на јапонскиот технолошки инвеститор SoftBank Group, ќе ја зголеми основната моќност во време на брзо растечка побарувачка за електрична енергија од центри за податоци изградени за напојување на апликации за вештачка интелигенција.
Извор/фото МИА