Економија
Во Виница се одржува форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“
18.02.2026
Бизнис Клубот Европа, како советодавно тело на Стопанска комора на Северна Македонија денеска во Виница го организира форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“.
Како што соопшти Стопанска комора, форумот ќе отвори клучна дебата за позиционирањето на македонските компании на единствениот пазар на ЕУ, економските придобивки од европската интеграција и улогата на женското лидерство во градењето конкурентна и извозно ориентирана економија.
Предвидени се изјави за медиуми на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и на Глигор Цветанов, претседател на Бизнис Клубот Европа и Извршен директор на „Макпрогрес“ ДОО Виница.
Бизнис Клубот Европа е формиран на иницијатива на претседателот на комората, Азески, за да обезбеди структурирана платформа за дијалог и координација помеѓу бизнис-заедницата, академската јавност, релевантните чинители во евроинтегративните процеси и дипломатските претставници од европските земји. Главниот фокус на делувањето на Клубот е насочен кон прашања поврзани со ЕУ, интеграцијата на македонското стопанство во европските процеси, ЕУ-дипломатијата и градењето политики кон ЕУ од перспектива на бизнис-заедницата.
Фото Економија и бизнис