Економија

КАКВО Е ЕКОНОМСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ МИЛАНО-КОРТИНА?

Вкупното економско влијание на Зимските олимсписки игри Милано-Кортина ќе достигне 5,3 милијарди евра. Од нив 1,1 милијарда евра се приходи од трошењето на туристите и оперативниот персонал за време на самиот настан, додека дополнителни 1,2 милијарди евра се проектираат од континуираниот туристички тек во следните 12 до 18 месеци.Дополнителни 3 милијарди евра се припишуваат на инвестиции во инфраструктурата и наследството, при што спортските и градежните објекти ќе бидат или надградени или реконструирани, ова се очекувањата за приходите од овој спортски настан домаќинот, според извештајот на Bank Ifis.

Организаторите очекуваат околу 2,5 милиони гледачи за време на Игрите, со просечен престој од три ноќевања и посетители кои ќе имаат можност да уживаат во голем број локални искуства.

Хотелите, превозниците и давателите на услуги во Милано, Кортина и пошироко пријавуваат зголемување на побарувачката, при што податоците за резервации во реално време одразуваат зголемена активност не само во традиционалните зимски центри, туку и во градови како Верона и Венеција.

Туристичкиот сектор, кој веќе е столб на италијанската економија, доживува силен поттик за време на Игрите.

Според Клое Паркинс, главен економист во „Оксфорд економикс“, Италија е на добар пат да прими 66 милиони меѓународни туристи во 2026 година, во споредба со 60 милиони во 2023 година.

Економистот предвидува дека трошоците за туризам ќе се зголемат за 2,9 милијарди евра само оваа година, при што градовите во северна Италија ќе ги надминат националните трендови.

Сепак, целокупното влијание на туризмот нема да биде толку големо како на Летните олимписки игри.

„Економските и туристичките влијанија се обично помали за Зимските олимписки игри отколку за летен настан“,  вели Паркинс, додавајќи дека за Париз 2024 се продадени околу 10-12 милиони билети - околу пет пати повеќе од очекуваниот обем за Милано-Кортина.

Од гледна точка на јавните финансии, Игрите изгледаат изводливи.

Маријамена Руџеро, аналитичарка во S&P Global Ratings, изјави дека Олимписките игри Милано-Кортина се покажаа како многу помалку стресни од Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година.

S&P проценува дека вкупните трошоци за Зимските олимписки игри Милано-Кортина ќе бидат помеѓу 5,7 и 5,9 милијарди евра, што е еквивалентно на околу 0,3% од БДП на Италија во 2025 година.

Околу 63% од трошоците се јавни, претежно финансирани од централната влада и насочени кон инвестиции во инфраструктурата.

И покрај пониските вкупни трошоци, агенцијата изјави дека Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година ставија сериозен притисок врз финансиите на градот, бидејќи Торино презеде голем дел од трошоците за објекти и инфраструктура, што доведе до влошување на буџетските бројки и голем товар на долгот.

Податоците за летовите и сместувањето за имателите на Visa картички веќе укажуваат на зголемување од 160% на пристигнувањата од странство во северна Италија за време на периодот на Игрите. Интересот од домашните туристи е исто така голем, при што речиси 80% од жителите во релевантните области изразуваат желба да присуствуваат на барем еден настан.

Италијанската влада, исто така, одобри дополнителни 200 милиони евра за промоција на туризмот, логистика и безбедност.

Општините во радиус од 30 километри од олимписките објекти се овластени да ги зголемат своите стапки на туристички данок во текот на 2026 година, при што 50% од приходите ќе одат кај централната влада.

S&P предупредува дека долгорочното економско влијание ќе биде ограничено, со оглед на статусот на Италија како една од трите најпопуларни туристички дестинации во Европа, објави Еуроњуз.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано