Бизнис
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РУБЉАТА И НИСКИТЕ ЦЕНИ ГИ ПРЕПОЛОВИЈА ПРИХОДИТЕ НА РУСИЈА ОД ПРОДАЖБА НА ГАС И НАФТА, тие сочинуваат повеќе од една петтина од вкупните буџетски приходи
20.02.2026
Приходите на Русија од нафта и гас би можеле речиси да се преполови во февруари на околу 410 милијарди рубли (5,35 милијарди долари), во споредба со истиот месец во 2025 година, покажуваат пресметките.
Главните причини се зајакнувањето на рубљата и пониските цени на нафтата на светскиот пазар.
Нафтата и гасот се клучен извор на приход за Кремљ и сочинуваат повеќе од една петтина од вкупните буџетски приходи. Државната каса е под дополнителен притисок поради зголемените издвојувања за одбрана и безбедност од почетокот на воената кампања во Украина во февруари 2022 година, објавува Ројтерс.
Проценките се базираат на податоци за производството, преработката на нафта и гас, како и испораките на домашните и странските пазари.Иако се очекува приходите во февруари да се зголемат за околу 3,1 процент во споредба со јануари благодарение на владина субвенција позната како плаќање „дамперот“, ситуацијата останува неповолна.
Овој месец нафтените компании треба да ѝ платат на државата околу 42 милијарди рубли врз основа на механизмот „дамперот“, бидејќи цените на горивата се такви што извозот е помалку профитабилен.
Вкупните приходи на Русија од нафта и гас во периодот јануари-февруари се проценуваат на околу 800 милијарди рубли, што е значително помалку од 1.560 милијарди рубли во истиот период минатата година. Според буџетските проекции, приходите од продажба на нафта и гас во 2026 година треба да достигнат 8.920 милијарди рубли, додека вкупните буџетски приходи се проценуваат на 40.283 милијарди рубли.
Минатата година, приходите на федералниот буџет од нафта и гас се намалија за 24 проценти, на 8.480 милијарди рубли, што е најниско ниво од 2020 година, пренесува Бизнис.рс.
Фото Економија и бизнис