Вести
Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
10.02.2026г
МВР денеска соопшти дека поради протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај.
- Денеска (10.02.2026) од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје, се посочува во информацијата од МВР.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.