Бизнис

ОД 250 ДО 5.000 ЕВРА СЕ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА НОВИ Е-ВОЗИЛА ВО СРБИЈА

Владата на Србија обезбеди стимулации во износ од 250 до 5.000 евра за субвенционирано купување нови електрични возила.

Според овогодинешниот Правилник за распределба на субвенциите, сите правни и физички лица имаат право на овие субвенции, исклучиво за нови електрични возила кои претходно не биле регистрирани.

Висината на субвенцијата зависи од категоријата на возилото: за мопеди и лесни трицикли стимулацијата е 250 евра; за мотоцикли, тешки трицикли и квадрицикли  се обезбедуваат 500 евра; за патнички возила (до девет седишта) и лесни камиони (типови M1 и N1), субвенцијата изнесува 5.000 евра;

Сите износи се плаќаат во динарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Србија на денот на плаќањето, а субвенцијата може да се користи и како аконтација за финансиски лизинг.

Новината во овогодинешната програма е што барањата ќе се поднесуваат електронски преку порталот за е-влада, почнувајќи од 1 март 2026 година.

Парите за овие намени ќе се распределуваат до 30 септември 2026 година, по редоследот по кој се примаат соодветните барања, или додека не се потрошат вкупните расположиви пари.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано