Бизнис
Опремување на европскиот поморски сектор со 10.000 брода до 2030 година
02.02.2026
Европската комисија планира да го поддржи поморскиот сектор во ЕУ за набавка или надградување помеѓу 7.000 и 10.000 одржливи и дигитализирани бродови до 2035 година.
Ова се наведува во предлог-документот на идната индустриска поморска стратегија на Европската комисија, кој сè уште е во изработка.
Во документот се нагласува и потребата од зајакнување на воените морнарици на земјите членки на ЕУ како одраз на актуелните геополитички притисоци и случувања.
За таа цел се предвидува во рамките на Европската програма за одбранбена индустрија да се обезбеди финансиска поддршка за изградба на бродови за двојна, цивилна и воена намена, како, на пример, на фериботи.
Овие бродови првенствено би се користеле за цивилен транспорт, но по потреба би можеле да бидат ангажирани и од страна на воените морнарици.
Стратегијата исто така предвидува и нова иницијатива за подигање на свеста за следење на непријателската поморска активност и заштита на подводната инфраструктура.
За таа цел се планира зајакнување на поддршката за развој на технологии за разузнавање, надзор и извидување произведени во ЕУ преку заедничка набавка на дронови, комуникациски системи и наменско финансирање за кибер-безбедноста.
Фото Економија и бизнис