Финансии / Банкарство

Кои беа најголеми добитници, а кои најголеми губитници на Македонската берза во јануари?

Месечен извештај – јануари 2026г.

Во првиот месец од годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 6,04 милиони евра, што претставува намалување од дури 54 % во однос на првиот месец од 2025 година.

Овој промет беше остварен со 1 349 трансакции со кои се истргуваа вкупно 39 657 акции и 523 460 обврзници.

  

Единствени добитници во јануари 2026 година се имателите на акции на Адинг Скопје, ВВ Тиквеш АД Кавадарци, Алкалоид Скопје и Комерцијална банка. Цената на нивните акции се зголеми за 4 %, 1,58 %, 0,84 % и 0,72 % соодветно. Останатите акционери или немаат промена на вредноста на своите акции или се со намалена вредност на своето портфолио.

Најголеми губитници во јануари се имателите на акции на Хотели Метропол Охрид, Македонски Телеком Скопје и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје. Нивните акции се намалија за 15,25 %, 8,7 % и 4,35 % соодветвно. Во топ 5 акции со намалена вредност се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје (- 3,35 %) и ТТК Банка АД Скопје (- 3,03 %)

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано