Вести
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ДО ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ
30.01.2026г
Сo голема тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Тихомир Јанчовски.
Ја имавме честа да ги објавуваме неговите текстови, поезија и проза, во нашиот бизнис магазин Економија и бизнис.
На почетокот на многумина им беше нејасно, зошто во печатено издание на бизнис магазин би се објавувале неекомонски содржини, но ние сакавме колку што е можно повеќе луѓе, од различни сегменти на општеството, да ги почувствуваат длабочината и силината на неговиот пишан збор.
Многу ќе ни недостасува. Тихомир, почивај во мир.