Општество

Алкалоид ја отвори лидерската академија – General Management Academy

Од компанијата информираат дека официјално беше отворена Алкалоидовата лидерска академија – General Management Academy, стратешка развојна програма насочена кон унапредување на менаџерските и на лидерските капацитети на дел од вработените во Алкалоид.

Академијата се реализира во соработка со Centre of Business Excellence при School of Economics and Business – University of Ljubljana, реномиран меѓународен академски центар со високи стандарди и со современ пристап во бизнис-едукацијата.

Академијата свечено ја отвори Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на групацијата, a претставниците на Centre of Business Excellence ги претставија структурата, методологијата и очекуваните резултати од програмата, по што следуваше интерактивна симулација со учесниците.

„Отворањето на Алкалоидовата лидерска академија претставува уште еден значаен чекор во нашата посветеност на континуиран професионален развој, организациска извонредност и на долгорочно инвестирање во нашите луѓе“, велат од компанијата.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано