Бизнис

Гемак го проширува своeто портфолио со Franck, Chio и Neva

Гемак Траде, еден од водечките дистрибутери и увозници на производи од широка потрошувачка во Северна Македонија и дел од Малиќи Груп, со гордост го најавува започнувањето на партнерство со три реномирани регионални и европски брендови – Franck, Chio и Neva.

Со повеќе од три децении искуство, Гемак се развива во компанија која обезбедува висококвалитетни производи, комплетна логистичка покриеност и поддршка во градење на брендови на македонскиот пазар. Портфолиото опфаќа широк избор категории и брендови присутни во сите продажни канали: модерна и традиционална трговија, HoReCa, специјализирани продавници и e-commerce.

Franck, препознатлив по традицијата во кафе, чаеви и топли напитoци, Chio, еден од водечките европски брендови во категоријата чипс и солени закуски и Neva, компанија со долгогодишно искуство во производството на козметика, ќе станат значајни делови од проширеното портфолио на Гемак.

„Нашата мисија отсекогаш била јасна: да понудиме сигурен избор на квалитетни и проверени брендови за македонските потрошувачи. Партнерствата со Franck, Chio и Neva претставуваат важен чекор во тој правец и голема можност за дополнителен раст, иновации и развој на пазарот,“ изјавуваат од компанијата.

Гемак продолжува активно да инвестира во развој на тимот, продажната мрежа и маркетинг поддршка, со цел создавање долгорочни и стабилни партнерства.

Со ова проширување, компанијата го зајакнува својот удел како доверлив партнер и амбасадор на водечки брендови на македонскиот пазар.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано