Финансии / Банкарство
ОД ДАНОКОТ НА КУЧИЊА ГЕРМАНСКИТЕ ОПШТИНИ „ЗАРАБОТИЈА“ 430 МИЛИОНИ ЕВРА
09.10.2025
Во 2024 година, Германија заработи рекорден износ од данокот на кучиња, а околу 430 милиони евра се влеале во буџетите на локалните самоуправи по таа основа, објави денес Германскиот федерален завод за статистика.
Приходите од данок на кучиња континуирано растат, а минатата година градовите и општините заработија 2,2 отсто повеќе од претходната година (421 милион), а цели 39,3 проценти повеќе од десет години претходно. Приходите од даноци во 2014 година изнесуваа околу 309 милиони евра.
Во Германија, данокот на кучиња е општински данок, а неговиот износ и критериуми ги одредуваат самите локални самоуправи. На многу места, износот зависи од бројот на кучиња во домаќинството или од расата, па затоа повисоките даночни приходи не значи автоматски дека бројот на четириножни домашни миленици е зголемен.
Храната за кучиња и мачки минатата година беше дури за 35,3 отсто поскапа отколку во 2020 година. Тоа е повеќе од просечното зголемување на потрошувачките цени, кое изнесуваше 19,3 отсто во тој период, објави Бизнис и финансии.
Фото Економија и бизнис