Економија

Пуштена во сообраќај брзата железница од Белград до Суботица

Патничките возови почнаа да сообраќаат по брзата железница од Белград до Суботица. Возовите ќе сообраќаат со брзина од 200 километри на час, додека товарниот сообраќај на таа делница веќе се одвива во согласност со барањата и потребите на економијата. Во текот на промотивниот период, кој ќе трае до 12 октомври, на патниците им се обезбедуваат бесплатни билети за воз во двата правци. Новата делница, долга 108 километри, ги поврзува Суботица и Нови Сад, со што се комплетира брзата железница од Белград до северот на земјата.

Брзината на возот „Интерсити“, достигнува до 200 км на час, па патувањето од Белград до Суботица ќе трае само 79 минути, додека патувањето со возоте од Нови Сад до Суботица трае околу 41 минута, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано