Бизнис
ВО ЈАНУАРИ ПОЧНУВА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРВИОТ Е-АВТОМОБИЛ ОД ФАБРИКА НА БАЛКАНОТ
10.01.2025
Србија ќе биде прва земја на Балканот која ќе има финално производство на електрични возила. Според најавите, сериското производство на електричниот автомобил „фијат гранде панда“ во фабриката во Крагујевац ќе почне третата недела во јануари. Планирано е прво да се произведуваат електрични, а потоа и хибридни возила. За купувачите кои ќе купат е-возила, државата одобрува субвенции во износ од 5.000 евра.
Државната секретарка во Министерството за заштита на животната средина Сандра Докиќ, во разговор за РТС, изјави дека до крајот на месецот ќе биде донесена одлука за одобрување на субвенциите.
При купувањето на возилото со сопствени средства на сопствениците ќе им биде исплатена субвенција од 5.000 евра. За годинава се обезбедени 170 милиони динари и сите поднесители на докумантацијата до 31 октомври ќе добијат субвенција.
Владата на Србија донесе одлука повеќе да не се субвенционира купување на хибридни возила и плаг-ин хибридни возила.
Досега се субвенционирани 2.800 возила за што беше потребно да помине управна постапка, пренесува РТВ.
фото freepic