Економија
ЕКСКЛУЗИВНО: ФРАНЦУСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ГИ МОДЕРНИЗИРА БОЛНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?
17.11.2025г
Еден од приоритетите на Владата е модернизација на болничката инфраструктура во земјата. Тоа е сериозен зафат што го привлекува вниманието на странските компании специјализирани за таков вид на активности. Веќе подолго време интерес пројавува француската групација Буиг, еден од светските лидери во областа на јавни проекти и градежништво. Компанијата изврши детални технички анализи на неколку болници во земјата и достави технички предлози.
Групацијата Буиг има доставено и конкретна детална понуда која е проследена со соодветна финансиска конструкција. Се работи за комбинација на средства од француското министерство за финансии и банкарско финансирање. Групацијата Буиг ги продолжува разговорите со надлежните македонски власти.
Инаку, Групацијата Буиг има активности во четири области: градежништво, енергетика и услуги, телеком и медиум. Во 2024 година Групацијата имала вкупно 200 илјади вработени ширум светот, остварила вкупни приходи од 56,8 милијарди евра и нето профит од 1 милијарда евра.