Бизнис

НОРВЕШКА СТАНУВА ГЛАВЕН ИЗВОР НА ГАС ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

10.01.2025

Норвешка произведе рекордно количество гас во 2024 година, а во 2025 година производството благо ќе го намали, соопштија од Државната управа за енергетика (НОД). Производството на гас во земјата лани се зголемило за 6,9 отсто, на 124 милијарди кубни метри. Во 2023 година, Норвешка произведуваше помалку гас поради честите проблеми со гасоводот и одржувањето. Претходниот рекорд го држеше до 2022 година, со произведени 122,8 милијарди кубни метри гас.

Минатата година полето за експлоатација на гас Северно Море Трол,  произведе рекордни 42,5 милијарди кубни метри гас, што одговара на повеќе од 10 отсто од европската побарувачка.

Во 2025 година, вкупното производство ќе се намали  за 2,9 отсто, на 120,4 милијарди кубни метри гас и ќе остане на ова ниво до 2027 година.

Норвешка стана најголемиот снабдувач на природен гас во Европа, со удел од 30 отсто во увозот, откако ЕУ воведе санкции кон Русија. На почетокот на годинава истече договорот за транзит на руски гас преку Украина, така што норвешкиот гас денес станува поважен енергент за Европа, изјави извршниот директор на НОД, Торгеир Стордал, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано