Бизнис

ГЕНЕРАТИВНАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ГО ПРЕОБЛИКУВА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Над 41 отсто од работодавачите планираат да ги намалат бројот на работници поради примената на вештачката интелегенција, покажува истражувањето на Светскиот економски форум. Од анкетираните големи компании, околу 77 отсто одговориле дека планираат да ги преквалификуваат и унапредат вештините на работниците во периодот од 2025 до 2030 година, за да можат да ја применуваат вештачката интелегенција.

- Напредокот во вештачката интелегенција и обвновливите извори на енергија го менуваат пазарот на трудот, зголемувајќи ги побарувањата за нови технологии, а ги намалуваат потребите за други професии, како што се графичките дизајнери, се наведува во соопштениеот на СЕФ, во пресрет на годинашниот состанок во Давос.

Садиа Захиди, генерален директот на СЕФ, истакна дека улогата на генеративната вештачка интелегенција ја преобликува индустријата и работните места во сите сектори. Многу работици веќе се заменети со примената на вештачка интелегенција. Последните години некои од технолошките компании, како и сервисите за складирање на податоци и апликациите за учење на јазик, отпуштиле дел од вработените поради вештаката интелегенција.

Сепак,  70 отсто од компаниите планираат да вработат нови работници со вештини за дизајнирање на ВИ алатки, пренсува НИН.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано