Бизнис

СРБИЈА СО РЕКОРДНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

09.01.2025

Во текот на минатата година Србија привлече рекордни 5,1 милијарда евра  на странски директни инвестиции, а 37,2 отсто се од земјите од Европската Унија и 34 отсто се од азиските земји. Кина е на прво место како најголем инвеститор во Србија, изјави Јагода Лазаревиќ, помошник министер за надворешни работи за економска дипломатија во разговор за РТС.

Податоците за минатата година покажуваат растечки тренд на инвестициите од Азија во вкупните инвестиции во Србија.

- Партнерите од Азија стануваат се поважни за Србија и се во насока на диверзификација на инвестициите. Србија е посветена на развивање на економската соработка со ЕУ, какко најважен економски партнер  во сите сегменти. Но поради геополитичката состојба и геоекономските турбуленции кои се случуваат  и ефектот на прелевање на поединечните економии, мораме да бараме сигурни места и да имаме алтернатива  за отворање на нови пазари, изјави Лазаревиќ.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано