Бизнис

ВО НОРВЕШКА РЕЧИСИ СИТЕ НОВИ ВОЗИЛА СЕ ЕЛЕКТРИЧНИ

02.01.2025

Девет од десет продадени нови автомобили минатата година во Норвешка биле целосно електрични или тоа е високи 88,9 отсто од новорегистрираните возила во 2024 година, покажуваат податоците на Норвешкиот сојуз за патишта (ОФВ).

- Потребни ни се десет отсто за да ја оствариме целта во 2025 година, соопштија од ОФВ.

Од 128.991 новорегистриран автомобил 114.400 биле на електричен погон, а ова е зголемување од 82 отсто во однос на 2023 година.

Норвешка има за цел во 2025 година сите нови продадени автомобили да бидат со „нулта емисија“, а тоа е за десет години пред целта што си ја поставија од Европската Унија.  

Во 2012 година електричните автомобили во Норвешка  учествувале со 2,8 отсто од вкупниот број на возила.

Ова е постигнато со многу погодности за возачите на електрични автомобили: ослободување од патарини, бесплатно паркирање на јавите паркиларишта и можеле да ги користат сообраќајниците наменети за јавниот превоз, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО