Бизнис

Годинава се увезени повеќе (половни) автомобили

31.12.2024

Во Македонија годинава е забалежан раст на бројот на увезени и продадени нови и половни возила. Според податоците на Царинска управа, до декември годинава се увезени 49 462 патнички возила, од кои 12 170 нови и 37 293 половни. 

Има значително зголемување во однос на 2023 година, кога биле увезени вкупно 43 212 автомобили, од нив 9 999 нови и 33 213 половни.

Во отсуство на службени податоци колку од увезените возила се продадени, и кои брендови биле најбарани, специјализраниот автомобилски сајт Бестселигнкарс, повикувајќи се на нивни локални партнери, објави дека пазарот на нови автомобили во земјава годинава бележи раст од 41,3% со околу 6 100 продадени нови автомобили до октомври годинава. 

Во Европа во 2024 година се продадени близу 13 милиони нови автомобили, што е зголемување во однос на лани.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО