Бизнис

КОИ ЗЕМЈИ ИМААТ НАЈМНОГУ ТУРИСТИ ПО ГЛАВА НА ЖИТЕЛ?

26.12.2024

Хрватска и Австрија се на прво место на листата на најтуристички земји според бројот на странски гости на бројот на жители. Хрватска имала 16,9 милиони туристи, а  Дубровник бил најпосетуван град во Европа во 2023 година со 27 странски туристи на еден жител во градот.

Во Австрија годишно доаѓаат 30,9 милиони туристи на 9,2 милиони жители.  На еден Австриец имало 3,4 странски туристи. Во Грција соодносот е 3,1 туристи на еден жител. Во Шпанија е 1,8, а во Франција 1,5 туристи на еден жител. Во Италија соодносот е практично еден спрема еден, пренесува Н1.

Според податоците на Организацијата за туризам на ОН (UNWTO), во 2023 година Франција сè уште беше на прво место по вкупен број туристи во Европа, со околу 100 милиони странски туристи, благодарение на туристичкиот промет остварен во Париз. Сепак, Франција има речиси 70 милиони жители.

Според податоците на Светската туристичка организација за  2023 година,  Шпанија имала 85,2 милиони странски гости, САД имала 66,5 милиони, Италија 57,2 милиони и Турција со 55,2 милиони.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО