Mинималната плата во Турција во 2025 година ќе биде 22.104 турски лири (604 евра), што е зголемување за 30 отсто, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Економистите очекуваат зголемувањето на минималната плата, кое се однесува за околу девет милиони работници и се смета за репер за зголемување на платите во приватниот сектор, ќе ја зголеми инфлацијата во наредните месеци.
Според студиите на централната банка, зголемувањето на платите од 25 отсто би ја зголемила годишната инфлација за 1,5 до пет отсто.
Инфлацијата во Турција во ноември падна на 47,09 отсто од годишниот максимум од 75 отсто во мај, главно поради строгата монетарна и фискална политика, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic