Бизнис
ПОМАЛКУ ДОМАШНИ ГОСТИ, НО ТИЕ ПОВЕЌЕ НОЌЕВАЛЕ
11.12.2024
Во земјава во октомври годинава се евидентирани 107 672 туристи, од кои 25,8 % се домашни, а 74,2 % се странски, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 211 611, од кои 32,5 % се од домашните, а 67,5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туриститее зголемен за 8,8 %. Кај домашните туристи има намалување за еден отсто, а кај странските зголемување за 14.7.%.
Бројот на ноќевањата, пак, од јануари до октомври, во однос на истиот период лани, е зголемен за 5,5 %, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 2,1 %, а кај странските за 9,9.%