Бизнис

Зголем бројот на одобренија за градење, Полошкиот регион со најмногу дозволи

10.12.2024

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2024 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 11,7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 469 616 илјади денари,
што е за 12,3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 (59.5%) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.7%) за објекти од нискоградба и 72 (19.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 363 објекти, на 223 (61.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 140 (38.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81 247 м2.

Во Полошкиот регион се издадени 113 дозволи за градење, од нив 88 се на физички лица и 25 за деловни субјекти.


Извор  МИА

фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО