Бизнис

ВО ХРВАТСКА 40 ОТСТО ОД СТАНБЕНИТЕ ЕДИНИЦИ СЕ ПРАЗНИ!

09.12.2024

Во Хрватска има околу 2,3 милиони станбени единици, од кои 40 отсто не се користат како станови за живеење. Вкупно 958.000 станбени единици, кои се изградени за домување, денеска не се во таа функција, што ја намалува понудата на пазарот, а побарувачката за станови се зголемува, посочува Бранко Бачиќ, потпретседател на владата и министер за градежништво.

Околу 600.000 станови во Хрватска се празни, а тоа го потврдуваат и податоците на ХЕП за 2022 година, дека немало потрошувачка на струја. За краткорочно изнајмување се користат 232.000 станбени единици.

Според предложениот закон, од 1 јануари 2025 година, на сите што ќе се одлучат за краткотрајно изнајмување ќе им треба согласност од сосопствениците,  од две третини или 66 отсто од станарите.

Сопствениците кои веќе изнајмуваат станови на краток рок, во рок од пет години, односно до 31 декември 2029 година, ќе треба да ја добијат оваа согласност, пренесува „Пословни дневник“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО