Вештачката интелегенција може значително да ги загрози приходите на вработените во музичката индустрија, покажала глобалната студија која ја нарача Меѓународната конфедерација на здруженијата на автори и композитори (ЦИСАЦ).
Во следните четири години вработените во музичката дејност поради генеративната вештачка интелегенција ќе изгубат една четвртина од приходите. Со пад на приходите ќе се соочат и вработените во аудиовизуелниот сектор и тоа за 20 отсто. До 2028 година пазарот на генеративната вештачка интелегенција ќе се зголеми од три милијарди евра на 64 милијарди.
Според сегашните законски рамки во повеќето земји, авторите на музика можат да изгубат на два фронта. Првиот се однесува на неовластено користење на музичките дела во режија на Ген ВИ. Вториот се состои во стеснување на просторот за креативна работа, бидејќи постои можност делата кои се генерирани од вештачка интелегенција да им бидат конкурентни на музичките дела произведени од луѓето, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic