Бизнис

ВО ЈАПОНИЈА РАСТЕ БРОЈОТ НА БАНКРОТИРАНИ ФИРМИ

09.12.2024

Бројот за пријави за банкротирање на фирми во Јапонија годинава ќе надминат 10.000 и ќе достигне највисоко ниво од 2013 година, покажуваат податоците за приватниот сектор изработени од ТСР, во пресрет на состанокот на централната банка.

Во ноември годинава 841 јапонска компанија прогласила банкрот. За првите месеци годинава нивниот број се искачи на 9.164 , покажале податоците на агенцијата за кредитни истражувања.

Банката на Јапонија следната недела ќе одржи редовен состанок на кој ќе одлучува за евентуална ревизија на клучната каматна стапка. Креаторите на макроекономската политика  ќе преземат сериозни анализи на статистичките податоци на јапонската економија која подолго време е во стагнација, пренесува Б92.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО