Бизнис

ГЕРМАНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА СО РЕКОРДНИ ПРИХОДИ ОД ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРЕНОСИ

06.12.2024

Германската фудбалска лига (ДФЛ) заработи 4,484  милијарди евра од продажба на националните права за емитување на натпреварите од сезоната 2025/26-2028/29. Ова е мало зголемување  наспроти негативните трендови во другите европски професионални фудбалски лиги. Фудбалските лиги во Италија и Шпанија забележале помали приходи во следните сезони, а Франција оствари значителен пад.

Од ДФЛ  соопштија дека оваа сума е за 84 милиони евра повисока (за 2 отсто)  за правата за пренесување на натпреварите во сезоната 2021.-2025 година.

Англиската Премиер лига во истата сезона оствари рекорден приход од 8,08 милијарди евра, но тоа е релативен пад поради зголемувањето на бројот на натпревари од 200 на 270.

-  Ова е извонреден резултат. Ова е добар ден за германскиот фудбал, рече портпаролот на претседателството на ДФЛ, Ханс-Јоаким Ватцке.

Извршниот директор на ДФЛ, Штефен Меркел, рече дека Германија „го задржува вториот најсилен договор за медиумите од сите фудбалски лиги во светот“, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано