Бизнис

ПРАШАЊЕТО ЗА ИЗВОЗОТ Е И ПРАШАЊЕ НА ПАТРИОТИЗАМ
ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ ЗА ИЗВОЗ ПОЧНА СО ОБУКИ, ИНТЕРЕСОТ ОГРОМЕН

Економија и бизнис | печатено издание | 01 ноември 2024г.

Во период од еден и пол месец, 180 учесници успешно поминаа обуки преку 6 модули и 7 тренинзи (еден модул двапати реализиран поради голем интерес) преку Институтот за извоз и две програми „Како да започнете со извоз на меѓународни пазари“ и „Извозен менаџмент“. Првата е наменета за компании кои сакаат да започнат извозни активности, но немаат доволно знаења за да го направат тоа, а втората е за постојни извозници кои сакаат да го унапредат своето работење и да го прошират опсегот на земји/пазари на кои ќе ги пласираат своите производи.
За важноста на Институтот говоревме во едно од претходните изданија на овој магазин (издание од 15 септември 2024 година). Во овој број, интенцијата е да се стави акцент на уникатната вредност што ја имаат овие обуки за учесниците во испорака на знаења и на вештини пренесени од истакнати домашни и странски експерти – неколку претставници од академската фела и повеќето со работно искуство во приватниот сектор со што се прави ефикасен спој на теоретски и на практичен пристап во изведување на обуките.



Што кажаа дел од обучувачите по реализираните обуки...

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано