Бизнис
ОСТВАРЕНИ НАЈДОБРИ ДЕЛОВНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СЛОБОДНИТЕ ЗОНИ ВО СРБИЈА
30.11.2024
Слободните економски зони во Србија минатата година забележале најдобри деловни резултати од нивните основања. Вложувањата во слободните зони достигнаа рекордни 980,7 милиони евра, а странските инвестиции достигнале повеќе од една петина од вкупните странски вложувања во Србија, пренесува „Бизнис и финансии“.
Компаниите кои делуваат во 15 слободни зони оствариле суфицит во надворешнотровско работење во износ од 926,5 милиони евра, што е зголемување од над 48 отсто во однос на 2022 година. Слободната зона „Пирот“ остварила најголем суфицит.
Во слободните зони работеле 254 фирми, од нив 204 се домашни и 50 странски. Со производство се занимаваат 44 отсто од фирмите, а другите биле од услужната дејност. Компаниите во слободните зони минатата година го зголемиле вкупниот промет во однос на 2022 година, за над 22 отсто на 7,71 милијарди евра. Од нив три слободни зони за прв пат надминале промет над милијарда евра.
Од почетокот на работата на слободните зони во Србија сега се намалуваат регионалните разлики во остварениот промет.
фото freepic