Бизнис
МАЈКРОСОФТ ПРЕДУПРЕДУВА НА АЛАРМАНТЕН РАСТ НА САЈБЕР НАПАДИТЕ
29.11.2024
Компанијата „Мајкрософт“ во својот годишен извештај Диџитал дефенс, во кој се опфатени трендовите од јули 2023 до јули 2024 година, предупредува на алармантниот пораст на сајбер нападите во контекст на растечките геополитички тензии.
Во извештајот се наведува дека корисниците се соочуваат со 600 милиони напади дневно, кои се упатени од сајбер криминалците, но и од државните учесници, a сајбер операциите се длабоко поврзани со геополитичките судири во светот.
Во споредба со претходните години се регистрирани за 2,75 пати повеќе напади, но процентот на организациите кои на крајот се „уценети“ со блокирање на шифрираните пораки е намален за три пати во последните две години.
Напаѓачите и натаму го користат предвидливото човечко однесување со давање на лесно препознатливи лозинки и со фишинг напади. Сајбер нападите на лозинките се 99 отсто од сите обиди за разоткривање на идентитетот на социјалните профили.
Сајбер измамите во секторот за финансии на глобално ниво растат при плаќањето и злоупотребата на легитимните услуги за фишинг и злонамерни активности. Загрижувачки облик на измами е течкам, кој ги става во заблуда корисниците со претставување на легитимни услуги или со лажна техничка подршка и огласите. Прометот со течкам измамите се зголеми за 400 отсто од 2021 година до 2023 година, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic