Бизнис

СУШАТА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВЛИЈАЕШЕ НА ЗГОЛЕМЕНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО СРБИЈА

14.11.2024

Годишната стапка на инфлација во октомври во Србија се зголеми на 4,5 отсто, по септемвриската 4,2 отсто. Растот на потрошувачките цени се приближи на горната граница од проекциите на Централната банка на Србија.  

Растот на високите цени на прехранбените производи се гледа и на пазарите во Србија, а тоа се должи и на сушата што ги зафати земјоделските површини во летниот и есенскиот период, објаснува професорот Небојша Савиќ.

-  Од годините на пандемијата не следат суши и тоа предизвикува и сезонски раст на цените, а нашите зелени пазари се вистински пазари, и реагираат на секоја промена на понудата и побарувачката, изјави Савиќ.

Според него, српското земјоделско производство годинава забележа сериозен минус, а сушите влијаеа и на намалување на приносот на земјоделските култури, посебно на пченката и пченицата, пренесува Б92.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано