Бизнис
ВО ЈАПОНИЈА ПУШТЕН НУКЛЕАРНИОТ РЕАКТОР ЗА ПРВПАТ ПО КАТАСТРОФАТА ВО 2011 ГОДИНА
30.10.2024
Нуклеарниот реактор во североисточниот дел на Јапонија денеска повторно почна со работа, прв пат откако регионот беше погоден од силен земјотрес и цунами во 2011 година, што предизвика нуклеарна катастрофа. Нуклеарниот реактор е активиран заедно со други десет реактори во земјата по исполнувањето на новите и построги безбедносни стандарди, пренесе агенцијата „Кјодо“.
Реакторот број два во нуклеарната електрана Онагава е првиот од овој тип на постројки, сличен на реакторите во Фукушима, кој е повторно пуштен во функција.
- Нуклеарната енергија и обновливите извори се клучни за намалување на емисијата на јаглeроден диоксид. Нивната употреба ќе ја зголемиме, но само со загарантирана безбедност, изјави Јошимаса Хајаши, портпарол на јапонската влада.
Сите реактори во електраната Онагава автоматски се исклучија од фунцкија во текот на катастрофата во 2011 година. Електраната се наоѓаше најблиску до епицентарот на земјотресот со силина од девет степени, а брановите предизвикани од цунамито достигнаа висина од 13 метри, пренесува „Политика“.
фото freepic