Бизнис

СРБИЈА СО НАЈМНОГУ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РУДАРСТВОТО

30.10.2024

Приливот на директните странски инвестиции во Србија за првите седум месеци годинава изнесуваат околу 2,9 милијарди евра. Ова е за 15 отсто повеќе од истиот период минатата година. Значителен раст на странските инвестиции има во секторот на рударството со четвртина од годинашниот износ на инвестиции. Минатата година во рударството на Србија биле вложени 16 отсто од странските директни инвестиции. Во 2021 и 2022 година во овој сектор биле вложени 110 до 120 милијарди евра, а во 2023 година достигната е сумата од 703 милиони евра, а само во вториот квартал годинава се инвестирани 583 милиони евра.  

Во првата половина годинава 49 отсто од директните странски инвестиции пристигнале од ЕУ. Инвестициите од Кина се по постојан пораст и годинава достигнаа 30 отсто од вкупните надворешни инвестиции.

Другите два сектора во Србија кои привлекуваат најмногу инвестиции се автомобилската индустрија и градежништвото, пренесува „Данас“.  


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО