Бизнис
БРАЗИЛ СО НАЈВИСОКА СТАПКА НА СЕЧЕЊЕ НА ШУМИТЕ, во светот годишно се губат 10 милиони хектари шума
06.10.2024
Бразил има највисока стапка на сечење на шумите во светот, а од 2002 до 2023 година оваа држава изгуби 30,7 милиони хектари шума. Вкупната површина на примарните шуми во Бразил се намалени за девет отсто, се наведува во редовниот годишен извештај на Global Forest Watch.
Од 2016 година сечењето на шумите во Бразил се намалува, а минатата година изнесува 1,14 милиони хектари примарна шума, но 2,8 милиони хектари биле опфатени со зелени површини. Од нив, повеќе од половината или 1,63 милиони хектари се расчистени во потрага за суровини, а за добивање на земјоделски површини се 954.000 хектари.
На глобално ниво десет земји имаат највисока стапка на дефорестација. Тоа се: Бразил, Австралија, Мексико, Танзанија, Зимбабве, Аргентина, Боливија, Мозамбик, Судан и Перу. Годишно од планетата земја се губат околу 10 милиони хектари шума, што е еднакво на површината на Португалија, проценуваат од агенцијата на Обединети нации за храна и земјоделство (ОН ФАО), пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic