Бизнис
СПРЕЧЕН УВОЗ НА ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ СО ШТЕТНИ ХЕМИКАЛИИ ОД АЛБАНИЈА
01.10.2024
Во свежи пиперки од Албанија е откриено високо ниво на штетни хемикалии. Пратката со албанските црвени пиперки била откриена на словенечката граница, соопшти европскиот систем за безбедност на храна.
Станува збор за пестицидот пиримифос-метил и форметанат кои се забранети за користење на територијата на Европската Унија и во други земји. Пиримифос-метил го имало 44 пати повеќе во црвените пиперки од дозволената концентрација, а форматенатот десет пати повеќе.
Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продаде во Словенија и Хрватска.
Користењето на овие хемикалии во исхраната предизвикуваат реакции на нервниот систем кај луѓето, мачнина, втроглавица, конфузија, а при голема изложеност предизвикуваат респираторна парализа и смрт, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic