Бизнис

ЦЕНАТА НА БАКАРОТ ЌЕ РАСТЕ ПОРАДИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА, моментално цената на бакарот е во пад поради намалената потрошувачка во Кина

16.09.2024

Глобалната побарувачката за бакар поради развојот на вештачката интелегенција (ВИ) и изградба на центри за чување на податоци, може да порасне за 72 отсто до 2050 година, изјави Вандита Пант, главната финансиска директорка на австралискиот рударски гигант БХП.

Прогнозите од компанијата се дека светската побарувачка за бакар ќе порасне од 30,4 милиони тони во 2021 година на 52,5 милиони тони до 2050 година. Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и се користи во системите за ладење  и во процесорите за центрите за зачувување на податоци, кои во светот се градат со забрзано темпо.

- Учеството на центрите за податоци во светската побарувачка на бакар изнесува до еден отсто, но се очекува да порасне до шест-седум отсто до 2050 година, вели Вандита Пант, за „Фајненшел тајмс“.

Цената на бакарот неколку недели е во пад поради намалената потрошувачка во Кина, но од БХП сметаат дека постојат солидни основи за раст на побарувачката на овој метал на подолг временски период. Клучен двигател на растот на цената на бакарот во иднина ќе биде традиционалната потрошувачка во земјите во развој, енергетската транзиција и ИТ секторот, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО