Бизнис

ГЕРМАНИЈА НА ПРВО МЕСТО СО НОВИ ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ, енергијата од ветер во Европа достигна 278 гигавати

15.09.2024

Европските капацитети на енергија добиена од ветер  достигнаа 278 гигавати, што е зголемување од 6,4 гигавати во првата половина годинава. Според податоците на Европската асоцијација за енергија од ветер, од дополнителните капацитети годинава, 5,3 гигавати се од ветерни електрани поставени на континетален терен, а 1,1 гигавати се од ветерни електрани поставени на крајбрежјето.

Германија е на прво место според дополнителните капацитети на енерггија од ветер со 1,7 гигавати, следи Франција со раст од 1,2 гигавати и Шпанија со 876 мегавати.

Извршниот директор на  Европската асоцијација   Гилис Диксон вели   Европа не изградила доволно електрани на ветер за да ги постигне енергетските цели до 2030 година.

- Капацитетите дополнително ќе се зголемат во наредните шест години, но не со доволно високо темпо. Владите мораат да делуваат за да се усвојат потребните политики, изјави Диксон, пренесува „Капитал.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО