Бизнис
КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ РАСТЕ ВО САД И ЕУ, во август Кина го намалила увозот на нафта за 7 отсто
15.09.2024
Кинескиот извоз во август се зголеми за 8,7 отсто на годишно ниво, а увозот порасна за 0,5 отсто, објави царинската агенција на Кина. Во јули кинескиот извоз порасна за седум отсто, а увозот за 7,2 отсто во споредба со минатата година.
Кинескиот извоз се зголемил и кон нејзините најголеми трговски партнери: САД, Европската Унија и државите од југоисточна Азија. Највисок раст има кон Европската Унија за 13 отсто.
Увозот во Кина на американски производи се зголеми за 12 отсто, од ЕУ е намален, а од земјите од АСЕАН се зголеми за пет отсто.
Кинескиот увоз од Русија е намален за еден отсто, а извозот пораснал за 10 отсто.
Кинескиот извоз на автомобили порасна за речиси 40 отсто во август кога се извезени 610.000 возила. Извозот на паменти телефони од Кина се зголеми за 6,7 отсто.
Кинескиот увоз на сурова нафта во август се намали за седум отсто, пренесе Б92.
фото freepic